Toshe Proeski Gedächtnishaus in Kruschevo eröffnet

Childhood, teenage years, music career, faith and humanity of Tose Proeski are depicted by over 350 authentic items displayed in his Krusevo Memorial House, which was formally opened on Monday.

Prime Minister Nikola Gruevski, accompanied by Parliament Speaker Trajko Veljanoski, Head of the Macedonian Orthodox Church HH Stefan, government officials and great number of guests, opened the cross-shaped - 870m2 Memorial House, funded by the Ministry of Culture and the Government.

"Starting from today the story about Tose is enriched with his Memorial House, which in many aspects reflects his personality and works that made him popular. The cross is symbol of his fate in God, the concrete - of simplicity and longevity, the glass - of humans vulnerability and the water - of purity and joy of living he radiated. A superb work of art whose exterior is just an introduction to what you shall see inside - everything that makes the story complete - his songs, instruments, images, feelings - the man that indebted all of us and Macedonia," Gruevski said.

Culture Minister Elizabeta Kanceska-Milevska said the House was an investment in the future of Macedonia's culture and gesture of recognition, gratitude from all citizens of Macedonia.

The opening ceremony was accompanied by a promotion of Tose's unreleased song "Krusevo", written especially for his hometown. It was performed by eminent actor Rade Serbedzija and Macedonia's musician Vlatko Stefanovski. The program also included the concerts of the "St. Zlata Meglenska" and "Zlatno Slavejce" choirs.


Tosche Proeski info

Todor „Toše“ Proeski (mazedonisch: Тодор Тоше Проески; * 25. Januar 1981 in Prilep; † 16. Oktober 2007 bei Nova Gradiška in Kroatien) war ein mazedonischer Sänger und Songwriter.

Toše Proeski starb am Morgen des 16. Oktober 2007 bei einem Autounfall auf der Autobahn A 3, in der Nähe von Nova Gradiška. Proeski schlief auf dem Vordersitz seines Autos und verstarb noch an der Unfallstelle, nachdem das Auto auf einen Lastwagen geprallt war. Ebenfalls im Wagen war seine Produzentin Ljiljana Petrović, welche nur leicht verletzt wurde. Der Fahrer Georgij Georgijevski überlebte ebenfalls, jedoch mit schweren Kopfverletzungen. Nachträglich wurde bekanntgegeben, dass der Fahrer wegen Übermüdung eingeschlafen war und die Kontrolle über das Fahrzeug verloren hatte.


Спомен-куќата на Тоше го раскажува вечниот живот
На Гумење во Крушево свечено беше отворена Спомен-куќата на Тоше Проески во која се вметнати детството, тинејџерските години, врвот на музичката кариера и вербата и хуманоста на Проески.

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на отворањето рече дека животот на Тоше е една од ретките приказни која ќе остане да се прераскажува и дека големите дела како неговите остануваат вечно да се паметат.
- Од денес приказната за Тоше е збогатена и со неговиот Спомен-дом, објект и композиција кои во многу нешта ја изразуваат неговата личност и делата по кои беше познат. Крстот како симбол на неговата искрена верба во Бога, бетонот како симбол на едноставноста но и долговечноста, стаклото како симбол на човековата минливост и ранливост и водата како симбол на чистотата и животот со кој зрачеше овој човек. Врвно уметничко дела чија надворешност е само вовед во она што ве очекува внатре, а внатре е она без што приказната не би била цела – таму се неговите песни, инструменти, таму е неговиот лик, таму се чувствата, таму се емоциите, таму е човекот кој во навек не задолжи сите нас и цела Македонија. Тоа е приказната за Тоше, истакна премиерот Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека со отворањето на Спомен куќата се враќа ликот и делото на Тоше кој никогаш нема дабидат заборавени

- Придонесот на Тоше за македонската култура е импозантен. Тој беше голем афирматор на културата во Македонија и со отворањето на оваа куќа така ќе остане и понатаму, рече Канческа – Милевска.

За градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски отворањето на спомен-куќата на македонскиот ангел значи воскресение од заборавениот град Крушево во вистинска атракција.

За извршниот директор на меѓународната фондација Тоше Проески, Андреј Николовски, Крушево и Македонија знаат што изгубиле.

- Крушево од денес ќе биде мала ѕвезда на земјата која ќе ги собира сите. Отворањето на спомен-куќата ќе потсеќа на неговиот лик и на патот на Тоше од дете до ѕвезда преку сите елементи кои се вметнати во спомен куќата, изјави Николовски.

Тој додаде дека од Крушево светот ќе живее вечно со спомените за Тоше.

Премиерно беше изведена песната „Крушево“ – уште една необјавена композиција на Тоше, за која текстот го напиша Мирослав Рус. Песната ја изведе познатиот актер Раде Шербеџија со музички настап на Влатко Стефановски и бендот на Тоше. Настапија и хоровите „Света Злата Мегленска“ и Златно славејче.

Спомен-куќата се простира на околу 870 метри квадратни во форма на крст, изградена од бетон и стакло според проектот на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, што го реализираше Министерството за култура и Владата на Република Македонија.

Во централниот дел на објектот има молитвеник и верски предмети што ги поседувал Тоше и неколку негови запишани размислувања за вербата, љубовта, семејството, пријателството. На неколку инфоточки осетливи на допир ќе можат да се добијат информации за Тоше.

По должината е изграден ѕид на кој ќе може да се оставаат пораки и впечатоци. Визурата на објектот - крстот како симбол и главен мотив - ноќе е посебно нагласена со осветлувањето. Објектот има и кафетерија, сувенирница со реплики од предметите на Тоше, висински платформи со панорамски поглед на Крушево, хортикултурно уреден простор околу, парк со цреша и амфитеатар за собири и одмор на посетителите.