EuroNews in Macedonia: The changing Face of Skopje


Туѓите очи подобро го гледаат Скопје


Оваа година македонците слават 20 години независност. Движечка нација, град кој доживува трансформација. Граѓаните сведоци на едно ново старо Скопје, кое содржи елементи и статуи од минатото, но и од модерното време. Со овие зборови репортерот Сајмус Керни од интернационалниот телевизиски канал Еуроњуз ја започнува емисијата со која го претставува проектот Скопје 2014-та и поставувањето споменици низ центарот на главниот град.